Браќа и сестри македонци, со големо задоволство Ви го честитаме 8ми Септември - денот на независноста на Р.Македонија. За многу години нека е денешниот ден и нека ни е вечна МАКЕДОНИЈА
Со почит
Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

8.9.2011 г.
7.9.2011 г.
Организиран превоз по повод прославата на националниот празник 8 Септември
Тргнување во 16 часот од следниве локации:
Спортска сала,
Кланица,
Кошеви,
Соколана,
Мартини,
Мини маркет,
Пожарна
Долно Којнаре,
бензинската Сателит во Карпош,
основното училиште во „Перо Чичо"
поштата во Зелен Рид
населбата Јане Сандански,
бензинската пумпа Роси-петрол,
Пчиња,
Табановце,
Романовце,
Режановце и
Студена Вода.
Спортска сала,
Кланица,
Кошеви,
Соколана,
Мартини,
Мини маркет,
Пожарна
Долно Којнаре,
бензинската Сателит во Карпош,
основното училиште во „Перо Чичо"
поштата во Зелен Рид
населбата Јане Сандански,
бензинската пумпа Роси-петрол,
Пчиња,
Табановце,
Романовце,
Режановце и
Студена Вода.
Отворен модернизираниот аеродром „Александар Велики“
Обновен и модернизиран со најсовремена технолошка опрема според сите светски стандарди и капацитет да опслужува четири милиони патници годишно е новиот лик на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што го презентира денеска концесионерот - турски ТАВ во присуство на македонскиот државен врв и бројна бизнис турска делегација.

Од 9 септември (петок), со првиот лет на Аустриан ерлеинс целиот сообраќај ќе се одвива на новиот терминал на „Александар Велики“, најави Мустафа Сани Шенер, генерален директор на ТАВ аеродроми.
- Економскиот пораст е важен индикатор за вложување во аеродромската инфраструктура. Во тоа верувававме и веруваме, се појавивме на тендерот, а и покрај притисоците на светската економска криза го спроведовме проектот за модернизација на аеродромите и го исполнивме ветувањето тоа да биде пред Денот на независноста, рече Шенер.
Новиот изглед на аеродромот во кој турската компанија вложи сто милиони евра беше промовиран пред претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, владиниот економски тим.
Модернизираниот аеродром, според премиерот Никола Груевски, од денес ќе биде македонски препознатлив симбол на развојните процеси и направените чекори со кои Македонија се движи напред. Реализацијата на овој проект доаѓа во вистинско време во пресрет на доаѓањето нови инвестиции и туристи и период кога се почесто до одредени дестинации може да се патува по симболични цени, оцени Груевски, посочувајќи дека главните каратекристики на новиот аеродром се капацитет, ефикасност и функционалност.
- Аеродромот е огледало на земјата на кој се стекнува првиот впечаток при патувањето во неа. Ова е голем ден за Македонија кога се менува сликата на сите патници кога стапнуваат на нејзино тло, истакна премиерот.
Според него, 6 септември ќе остане запаметен датум во поновата македонска историја кога е заокружен еден од најголемите инфраструктурни проекти. Со модернизацијата на „Александар Велики“ оставаме одличен белег и пример како треба да се работи за својата држава, укажа Груевски, посакувајќи новиот аеродром да донесе голем раст на бројот на патниците, туристите и инвестициите во државата.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски оцени дека модернизацијата на аеродромот е големо ветување, кое станало реалност. - Договорот за концесија е најсолежниот проект од економски и правен аспект што е спроведен благодарение на капацитетите на администрацијата, сериозноста на инвеститорот и покрај скептицизмот од светската економска криза, рече Пешевски.
Тој истакна дека македонските граѓани со гордост ќе патуваат од аеродромот во Скопје и со гордост ќе пречекуваат гости од целиот свет и ќе ја промовираат Македонија.
Вицепремиерот очекува голем пораст на бројот на патници благодарение на проектот што го реализира ТАВ.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со реализацијата на проектот Владата направи сериозен чекор за развој на воздухопловниот сектор во Македонија.
- Новите и модернизирани објекти се изградени според најновите и современи светски стандарди, а набавена е и нова опрема со што аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе функционира согласно највисоките меѓународни стандарди кои овозможуваат значително подобри услови, комодитет и простор за патниците - нешто што тие го бараа години и години наназад, посочи министерот Јанакиески.
Првите патници што ќе бидат опслужени на аеродромот во текот на денов ќе пристигнат со летовите од Истанбул, Прага, Будимпешта, Љубљана, Загреб. Ќе слетаат на аеродром десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно.
Во скопскиот аеродрoм, кој „ТАВ Аеродроми“ го зеде под концесија во март минатата година и со него ќе управува 20 години. Во текот на 18-месечната реконструкција и модернизација е изградена нова терминална двокатна зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни мостови, 23 места за чекирање, паркинг за 1.300 возила... На приземјето е делот за пристигнување, а на катот за полетување. Двата ката се поврзани со шест ескалатори и девет лифтови. На приземјето во делот за пристигнување има чекална, а спроти неа се пунктовите за чекирање и продавници за сувенири. На катот покрај вообичаените пунктови за царината и пасошка контрола, се пристапните мостови за влегување во авион.
Во средишниот дел на аеродромската зграда е поставен симболот на аеродромот - споменик на Александар Велики на коњ. Споменикот е подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативниот директор на концесионерот ТАВ.
Турскиот концесионер изгради и карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 метри квадратни. Постојната писта е проширена за 500 метри на југ.
Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот, а поради стратешката локација треба да стане балкански транспортен центар.
Минатата година „ТАВ Аеродроми“ го реновираа и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.
Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е меѓу водечките авио оператори во светот. Управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и со по два аеродроми во Македонија, Тунис и Грузија. Компанијата неодамна го доби на управување и аеродромот „Медина“ во Саудиска Арабија. „ТАВ Аеродроми“ исто така раководи и со други сектори од аеродромските услуги како дјути фри продажба, услуги со храна и пијалоци, информациски технологии, безбедност. Во 2010 година компанијата обезбедила услуги за околу 420.000 летови и за просечно 48 милиони патници

2.8.2011 г.
За многу години нека е денешниот ден, еден од најголемите македонски празници ИЛИНДЕН, да ни е вечна МАКЕДОНИЈА и нека ни е среќен празник на сите!!!
29.7.2011 г.
Изгласана новата Влада
Собранието на Република Македонија по дводневната расправа ја изгласа довербата за новата Влада предложена од Никола Груевски.

Со 70 гласа „за“ и 47 „против“ Парламентот му довери нов четири годишен мандант на премиерот Никола Груевски и владиниот состав
Довербата за продолжување на реформите и започнатите проекти ја добија и предложените министри, кои заедно со премиерот потпишаа свечена изјава.
Во новата владина програма предвидени се проекти и мерки кои ќе придонесат за забрзан економски развој, интегрирање на државата во НАТО и ЕУ и продолжување на реформите во сите сектори.
Сега веќе и официјално вицепремиерските места од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги водат Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.
Муса Џафери и Теута Арифи се новите вицепремиери за спроведување на Рамковниот договор и за евроинтеграции од ДУИ.
Ставрески истовремено ќе ја извршува и функцијата министер за финансии.
Досегашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска продолжува да ја води полицијата. Миле Јанакиески останува на чело на Министерството за транспорт и врски, како и досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски.
Македонската дипломатија ќе ја води Никола Попоски, а за министер за здравство е изгласан Никола Тодоров.
Фатмир Бесими ја презема министерската функција во одбраната, а Валон Сарачини ќе ја води економијата, Невзат Бејта - локалната самоуправа, а за министер за правда е изгласан Блерим Беџети.
Панче Кралев е новиот министер за образование и наука. Со Министерството за земјоделство останува да раководи Љупчо Димовски. Министер за труд и социјална политика е Спиро Ристески.
Министерството за култура и натаму ќе го води Елизабета Канческа-Милевска, додека на чело на министерството за животна средина и просторно планирање застанува Абдулаќим Адеми.
Министри без ресор остануваат Неждет Мустафа, Хади Незир и Веле Самак, а новиот министер без ресор за странски инвестиции е Бил Павлески.
Груевски е шести премиер од независноста на Македонија кој доби трет последовен мандат по победите на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2006, 2008 и 2011.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва организира прием на членовите на новоизбраната Влада.
Досегашните министри, пак, утре ќе им ги примопредадат мандатите на новоизбраните челници на министерствата.
По доставувањето на имињата на замениците министри од страна на премиерот Груевски, Собранието ќе расправа на седницата која е закажана за утре.
26.5.2011 г.
Пачков: ВМРО-ДПМНЕ има најсериозна и најпрецизна програма
Кандидатот за пратеник и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Јордан Пачков, денеска на прес конференција презентираше дел од изборната програма што е содржана во „Манифестот за реформи и развој„.
Во пресрет на изборите ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излезе со најсериозна и најпрецизна програма, со конкретни, јасни и определени рокови со „Манифест за развој и реформи„.Во наредниот период остануваме посветени на стратешките приоритети на Република Мкедонија, а тоа се зголемување на економскиот раст и вработеноста, интеграција на државата во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, и ефикасно спроведување на правото во државата, одржување на добрите меѓуетнички односи, инвестирање во образованието, наука и информатичка технологија-рече Пачков.
Тој најави зголемување на пензиите за 30 насто и платите на администрацијата за 21 насто, социјалната помош за 21 насто, 670 милиони евра субвенции за земјоделците, намалување на даноците на малите претпријатија и други даночни олеснувања, проект за подршка за решавање на стамбеното прашање на граѓаните, инвестиции во здравството и уште 1200 други преокти.
Во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, од изутринава членови од ВМРО-Народна партија, Обединети за Македонија и од СДСМ од Кочани и околните населени места јавно преминуваат во оваа партија.
На прес-конференцијата што се одржа во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани претседателката Бети Кузмановска пред новинарите истакна дека од изутринава масовно е преминувањето на членови од овие три партии во ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, досега се потпишани 1.200 пристапници. - На наше огромно задоволство ги примаме членовите од кои поголемиот дел беа и поранешни наши членови. Ние сме отворена партија и сме подготвени да ги примиме сите оние кои сакаат да бидат дел од нашата победа, истакна Кузмановска.
Благој Атанасов од ВМРО-НП преминот во ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата го образложи со неговото незадоволство на неусогласувањето внатре во партијата, личните интереси и, како што рече тој, смета дека во оваа партија ќе му биде подобро.
Катерина Стојкова од партијата Обединети за Македонија изјави дека по митингот на Љубе Бошкоски во Кочани и неговата изјава дека ќе коалицира со СДСМ, како што рече таа, јас и целото семејство, како и блиските роднини, разочарани денеска пристапивме на ВМРО-ДПМНЕ.
Васка Божинова од СДСМ во изјавата пред новинарите истакна дека е незадоволна од досегашното нејзино членување во СДСМ бидејќи партијата работи со погрешни идеи и нема успех, па затоа се определила таа и семејството да преминат во ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, членови од ВМРО-НП од повеќе месни комитет во општина Ново Село преминаа во ВМРО-ДПМНЕ
По тој повод денеска во Струмица прес-конференција одржа претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-НП од Ново Село Ѕвонко Аризанов.
- По изјавите на највисокиот раководен врв на ВМРО-Народна партија дека општинските комитети на ВМРО-НП по изборите повеќе сакаат да коалицираат со СДСМ отколку со ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на ОК на ВМРО-НП од Ново Село не можам да се сложам со таквата констатација и не можам да работам за СДСМ и за Бранко Црвенковски. Затоа се вратив во својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го направија и поголем број членови од месните комитети на ВМРО-НП во општина Ново Село, изјави Аризанов.
Тој ги повика сите членови од месни комитети, кои се уште се двоумат, да се вратат во ВМРО-ДПМНЕ и да не учестрвуваат, како што рече, во непринципиелниот начин на работа на централата на ВМРО-НП од Скопје.
- Додека Бранко Црвенковски беше на власт во деведесетите години пет пати не тепаше, а сега од нас се бара да го вратиме на власт. Ние во таквата нечесна игра нема да учествуваме, додаде Аризанов, кој рече дека само од Месниот комитет на ВМРО-НП во Ново Село 80 насто од членовите изразиле желба да се вратат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
24.5.2011 г.
23.5.2011 г.
Претплати се на:
Објави (Atom)