26.5.2011 г.

Пачков: ВМРО-ДПМНЕ има најсериозна и најпрецизна програма


Кандидатот за пратеник и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Јордан Пачков, денеска на прес конференција презентираше дел од изборната програма што е  содржана  во „Манифестот за реформи и развој„.
Пачков: ВМРО-ДПМНЕ има најсериозна и најпрецизна програма















Во пресрет на изборите ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излезе со најсериозна и најпрецизна програма, со конкретни, јасни и определени рокови со „Манифест за развој и реформи„.Во наредниот период остануваме посветени на стратешките приоритети на Република Мкедонија, а тоа се зголемување на економскиот раст и вработеноста, интеграција на државата во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, и ефикасно спроведување на правото во државата, одржување на добрите меѓуетнички односи, инвестирање во образованието, наука и информатичка технологија-рече Пачков.
Тој најави зголемување на пензиите за 30 насто и платите на администрацијата за 21 насто, социјалната помош за 21 насто, 670 милиони евра субвенции за земјоделците, намалување на даноците на малите претпријатија и други даночни олеснувања, проект за подршка за решавање на стамбеното прашање на граѓаните, инвестиции во здравството и уште 1200 други преокти.

Нема коментари:

Објави коментар