
6.10.2012 г.
26.9.2012 г.
Трибина 26.09.2012
Во организација на Унија на жени ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, на ден 26.09.2012 (Среда) во 19.00 часот во Центар за култура "Трајко Прокопиев", ќе се оддржи Трибина на тема "Создаваме и напредуваме во независна Македонија". Гости на трибината ќе бидат: г-дин Мане Јаковлевски, еден основачите на ВМРО ДПМНЕ и г-дин Панде Лазаревски, професор по применета политика.
29.5.2012 г.
31-ви Мај Светски ден за борба против пушењето
УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово по повод 31-ви Мај Светски ден за борба против пушењето, на градскиот плоштад во Куманово со почеток во 12 часот ќе спроведе акција од големо значење за здравјето на луѓето насловена како ЖИВЕЈТЕ ЗДРАВО - ЗАМЕНИ ЈА ЦИГАТАРА СО ЈАБОЛКО ! На секој минувач што ќе остави цигара ќе му биде дадено јаболко заедно со флаер на кој ќе има наведено што содржи јаболкото и колку е тоа здраво и корисно за здравјето на човекот.
16.3.2012 г.
Прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Да, точно е тоа дека ние од ВМРО-ДПМНЕ во Куманово сме веќе “пред вратата” на Општината, а на наредните локални избори и официјално ќе влеземе внатре, бидејќи на граѓанитена на Куманово им е преку глава од самоволието и недомаќинското работење на СДСМ и градоначалникот. Токму поради тоа е ваквото нервозно однесување на претседателот на Советот, кој веќе подолго време има двоен аршин во начинот на водење на седниците, а посебно во давањето простор за реплики и контрареплики и во однос на должината на дискусиите на советници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а посебно на градоначалникот. Деловникот е тој кој мора да се почитува и тоа подеднакво за сите, бидејќи сме тука да ги браниме интересите на граѓаните- изјави Бобан Николовски.
10.3.2012 г.
Прес конференција на г. Мирослав Стојановски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Петок, 09 Март 2012

Скандалите со ЈП Водовод и кумашинот на градоначалникот не престануваат.
Имаме сознание дека при финансиска контрола извршена во ЈП Водовод е утврден недостаток на парични средства во досега непозната висина, поради што е суспендиран и благајникот од работа. Градоначалникот како нај повикан и нај одговорен за функционирањето на локалната самоуправа но и како одговорен за назначување на директорите на јавните претпријатија, должен е да одговори:
Каков криминал се крие во оваа претпријатие?
Така ли треба да располага и управува со парите на граѓаните на куманово?
Не ли мисли дека граѓаните треба да знаат како се располага и управува со нивните пари во оваа јавно претпријатие?
Претпријатието работи со загуби веќе подолго време, има над 50% загуба на водата во дистрибутивната мрежа, плаќаме најскапа вода во Р.М., повеќе од три месеци има делови од градот без водоснабдување и тн.
Но и покрај сето ова и покрај катастрофалната состојба на ЈП Водовод, се шпекулира дека ова јавно претпријатие се јавувало како спонзор на кошаркарскиот клуб Куманово, одржувало и опремувало станови за кошаркари и сл.
За да биде парадоксот уште поголем, претседател на кошаркарскиот клуб Куманово, е замислете, директорот на ЈП Водовод и кумашин на градоначалникот Виктор Божиновски.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ веќе 3 години укажува дека оваа јавно претпријатие заслужува санациона програма и оставка од директорот и воедно кумашин на Градоначалникот.
Градоначалнику,
Што треба уште да им се случи на Куманово и на кумановчани за да не ги држите во заложништво на вашите празни политики и демагогии и на вашиот кумашин Виктор Божиновски.
Претплати се на:
Објави (Atom)