
Скандалите со ЈП Водовод и кумашинот на градоначалникот не престануваат.
Имаме сознание дека при финансиска контрола извршена во ЈП Водовод е утврден недостаток на парични средства во досега непозната висина, поради што е суспендиран и благајникот од работа. Градоначалникот како нај повикан и нај одговорен за функционирањето на локалната самоуправа но и како одговорен за назначување на директорите на јавните претпријатија, должен е да одговори:
Каков криминал се крие во оваа претпријатие?
Така ли треба да располага и управува со парите на граѓаните на куманово?
Не ли мисли дека граѓаните треба да знаат како се располага и управува со нивните пари во оваа јавно претпријатие?
Претпријатието работи со загуби веќе подолго време, има над 50% загуба на водата во дистрибутивната мрежа, плаќаме најскапа вода во Р.М., повеќе од три месеци има делови од градот без водоснабдување и тн.
Но и покрај сето ова и покрај катастрофалната состојба на ЈП Водовод, се шпекулира дека ова јавно претпријатие се јавувало како спонзор на кошаркарскиот клуб Куманово, одржувало и опремувало станови за кошаркари и сл.
За да биде парадоксот уште поголем, претседател на кошаркарскиот клуб Куманово, е замислете, директорот на ЈП Водовод и кумашин на градоначалникот Виктор Божиновски.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ веќе 3 години укажува дека оваа јавно претпријатие заслужува санациона програма и оставка од директорот и воедно кумашин на Градоначалникот.
Градоначалнику,
Што треба уште да им се случи на Куманово и на кумановчани за да не ги држите во заложништво на вашите празни политики и демагогии и на вашиот кумашин Виктор Божиновски.
Нема коментари:
Објави коментар